четврток , 19 октомври 2017
zapalenoauto

Кривична пријава за прилепчани кои запалиле автомобил

zapalenoautoПрилепчаните  М.С (20) и Д.Д.(26) добија кривична пријава поради сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Како што соопшти МВР, пријавените на 2 август, поливајќи го со запалива течност, опожариле патничко возило „форд ескорт“ со охридски регистерски таблички, сопственост на граѓанин од Ресен. Прилепчаните со запалива течност полиле, но не било запалено, уште едно возило марка „лада нива“, кое е во сопственост на истиот граѓанин и кое се наоѓало во непосредна близина на првото возило.

Полициски службеници од Ресен извршиле увид на лице место и се преземени низа мерки и активности по што се идентификувани можните сторители, а полициски службеници од ПС Битола на магистралниот пат Ресен – Битола е затекнато возилото со кое се движеле сторителите кои се лишени од слобода и спроведени во Полициската станица во Ресен.

По целосно документирање на настанот и обезбедени материјални докази пријавените во целост го признале делото, по што е поднесена кривичната пријава.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.