вторник , 26 септември 2017
fdsgdfgfdhfdhgfh-15518-685x320

Кривична пријава за разбојникот во банката во Ѓорче

fdsgdfgfdhfdhgfh-15518-685x320Скопјанецот кој вчера изврши разбојништво во филијала на Стопанска Банка АД Скопје лоцирана на бул. “Ѓорче Петров“ во Скопје доби кривична пријава.

– СВР Скопје поднесе кривична пријава до скопското јавно обвинителство против скопјанецот А.М.(43) поради постоење основи на сомнение за извршени три кривични дела „разбојништво“, “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распркувачки материјали“, се вели во денешното соопштение од МВР.

Со намера да се стекне со противправна имотна корист, вчера околу 14:00 часот,  пријавениот со закана со пиштол и употреба на физичка сила над вработените во филијала на Стопанска Банка АД Скопје лоцирана на бул. “Ѓорче Петров“ во Скопје, извршил разбојништво, при што одзел 377.900 денари.

– Откако А.М. маскиран и вооружен со огнено оружје, влегол во банката и со закана кон вработените и странките, дошол до шалтерскиот простор и им наредил на вработените да се тргнат, сам влегол зад пултот и од касите ги одзел парите, ги ставил во ранец што го носел со себе и трчајќи избегал од банката качувајќи се во патничко возило Цитроен ЗХ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го паркирал во близина,  притоа упатувајќи се во правец кон ул.„4-ти Јули“, се вели во соопштението.

Како што информира МВР, откако А.М. со возилото дошол во близина на надвозникот „Влајко“ на бул. „Партизански одреди“, од страна на полициски службеници од ЕПОИ-Алфа, бил забележан по што тие се упатиле по него, притоа давајќи му светлосно сигнален знак од службеното возило. Од страна на полициските службеници му биле покажани и полициските легитимации и преку отворениот прозор од возилото му наредиле да го запре движењето и да застане, на што пријавениот се оглушил на дадената наредба и со пиштол почнал да пука кон нив. Со цел да одбијат непосреден напад од себе, од страна на ЕПОИ-Алфа употребено е огнено оружје од кои испукале повеќе куршуми во правец кон пријавениот, при што тој добил телесна повреда-расекотина во пределот на главата, најверојатно настаната со расекување од парчињата стакло од скршените прозори од возилото кое го управувал. По престрелката со полициските службеници А.М. е совладан, по што со возило на брза помош бил префрлен во ургенетен центар при клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје, каде доктор констатирал телесна повреда.

Со извршеното дејствие, А.М. го оштетил службеното возило, потоа патничко возило марка „фиат пунто“, како и во автобус сопственост на ЈСП Скопје.

Увидна екипа при СВР Скопје извршила увид, при што во патничкото возило „цитроен ЗХ“ пронајден е еден ранец во кој биле одземените пари од банката и еден мобилен телефон, додека пиштолот заедно со рамка со три куршуми, пронајден и подигнат од коловозот на бул. „Партизански Одреди“ и со наредба од Основното јавно обвинителство е предаден за натамошна анализа и вештачење. Против А.М. во периодот 1988-2008 година биле поднесени две кривични пријави.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …