сабота , 21 октомври 2017
makedonska-policija (1)

Кривична пријава за жител на Долна Белица за крадење печати од струшката болница

makedonska-policija (1)Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.И. (48) од селото Долна Белица поради постоење сомнение за сторени казнени дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „одземање или уништување на службен печат или спис“.

СВР Охрид соопшти дека пријавениот, во текот на август годинава, изработил лажна исправа-потврда од ЈЗУ Општа Болница – Струга и неовластено го употребил вистинскиот печат на болницата и на докторот по општа медицина, вработен во болницата.

– Откако претходно, печатите  противправно ги одзел од ЈЗУ Општа болница – Струга, пријавениот, на лицето Л.К. (32) од струшкото село Биџево, му изготвил потврда во која лажно навел дека докторот од ЈЗУ Општа болница – Струга му препишал терапија која ја примал во периодот од 24 јули до 7 август, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Дополнително, појасни тој, навел дека, ЈЗУ Општа болница Струга, потврдата му ја издава да му послужи како доказ пред надлежните органи во Швајцарија каде Л.К. бил привремено вработен со цел да добие отсуство од работа. За оваа услуга, пријавениот Б.И. побарал и добил 6.000 денари.

– При извршен претрес на домот на пријавениот, пронајдени и одземени се два службени печати, првиот со име на докторот по општа медицина, а вториот е округли печат на ЈЗУ Општа болница – Струга, рече Димоски.

Печатите се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.