вторник , 26 септември 2017
bankomat

Кривични за тројца прилепчани за користење на туѓи платежни картички

Поднесени се кривични пријави против тројца прилепчани кои користеле туѓи платежни картички, кои неовластено ги одзеле од нивните сопственици.

Полицијата во Прилеп поднесе пријава против Р.Г. (27) од село Вољани, кој на 30 декември минатата година одзел платежна картичка од И.К. и истата ја употребил во четири наврати при подигање на готовина од банкомат, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 25.000 денари. Тој подигнал пари од банкомат на друга банка, со што направил и дополнителна штета од 1.005 денари, односно вкупно 26.005 денари.

Поднесени се пријави и против С.И. (34) и Ж.Н. (34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за истото сторено кривично дело, поттикнување во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Првопријавениот во згодна прилика противправно одзел кредитна картичка во сопственост на Ц.И., а свесен дека може да биде снимен од камерите на банкоматите, на 1 август годинава го поттикнал второпријавениот да подигне парични средства од кредитната картичка, при што истиот од банкомат подигнал 30 илјади денари.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …