вторник , 27 јуни 2017
krsenje avtorski

Кршење на авторско право

Почитувани уредници на Топ Тема на Ваша страна,

Вчера бев непријатно изненадена кога добив линк од вашата емисија во која се употребени делови од мојот спот за песната „80-ти“. Јас не сум била контактирана ниту известена за ова, иако моето име и името на продукцијата се уредно наведени под песната на ПМГ од каде што е направено преземањето. Бидејќи не сум автор кој е тешко да се најде или да се исконтактира, ми останува да претпоставам дека едноставно не сте сметале за важно да ме исконтактирате. Ова е непочитување на авторството и кршење на моето авторско право, и тоа по три основи: преработка на делото, радиодифузно емитување и ставање на располагање на јавност.
Јас, како целосен автор на спотот, сум единствената која што можела да ви дозволи или забрани употреба на материјалот. Доколку ме контактиравте, ќе знаевте дека не се согласувам со тоа делови од спотот да бидат извадени од контекст и употребени во вашата емисија. Концептот на спотот е целосно инспириран од естетиката на 80-тите години и култот кој неоромантизмот го имал кон монархиска Европа. Не е ангажиран локално политички.
Во меѓувреме, дознав дека оваа употреба на материјалот сте им ја најавиле на бендот ПМГ Колектив. Додека тоа е љубезно од ваша страна, ни оддалеку не го регулира правниот аспект на употреба на видео материјалот. Не сте го контактирале продуцентот на видеото, Давид Цветковски. Не сте го контактирале Факултетот за драмски уметности – овој спот е работен како испит за шести семестар на катедрата за филмска и ТВ режија и сите материјални права му припаѓаат на ФДУ. На крај, не сте ме контактирале мене, авторот на ова дело.
Уште повеќе, со употребата на овој материјал вие во медиумскиот простор експониравте физички лица кои се појавуваат во видеото и го загрозивте нивниот углед: Григор Јовановски, Иван Кочовски, Петар Сејменов и Миа Ефремова. Никој од нив не дал согласност да се појави во Топ Тема во овој контекст и секој од нив има право индивидуално да реагира до телевизијата и да бара надомест.

Како креатори на аудиовизуелна содржина, меѓу другото, ваша е и одговорноста да промовирате култура на почитување на авторството и авторот. Ве молам веднаш да го тргнете прилогот од интернет или да ги исечете деловите од спотот. Немате дозвола да ги користите.

Ана Јакимска

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …