сабота , 23 септември 2017
sebastian-kurzz-640x320

Курц: ОН нема да ја решат бегалската криза место нас

sebastian-kurzz-640x320
ОН нема да ја решат бегалската криза во Европа, туку тоа мора да го стори ЕУ, која ќе треба да воспостави нов систем за азил, оцени австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

Како што објави денеска весникот „Естерајх“, Курц нагласил дека за време на заседанието на Генералното собрание на ОН минатата недела била создадена свест дека проблемот со бегалците е сериозени и дека тој не е само европски, туку глобален.

– Меѓутоа ОН нема да ја решат кризата место нас. Тоа мораме да го сториме ние во Европа. Мораме да воспоставиме целосно нов систем за азил, вели Курц во ијзава за весникот.

Споре него, потребна е посилна заштита на надворешните граници на ЕУ и помошта да се засили на лице место, со што, на пример, барањата за азил би можеле да се поднесуваат во центрите на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во земјите од каде доаѓаат имигрантите.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …