среда , 26 јули 2017
Sebastijan-Erera-1

Квалификации за ЛЕ: Работнички сака со празна мрежа да оди во Минск

Работнички е пред првиот сериозен испит во летните квалификациски настапи за Лига Европа. Попладнево (18 ч.) во тренинг комплексот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе биде домаќин на белоруски Динамо во првиот меч од второто коло. Тре Пене е минато, убедливата победа во двомечот со тимот од Сан Марино треба да се остави настрана бидејќи денешниот ривал е далеку над претходниот. И квалитативно, и финансиски и играчко-тактички.

Вербата во успех е, сепак, присутна иако дефанзивната линија, во меѓувреме, остана без македонскиот репрезентативец Ванче Шиков кој прифати да ја продолжи кариерата во Тобол од Казахстан.

„Двата дуела што ни претстојат се неспоредливо посериозни од оние два што минаа. Динамо Минск поседува квалитет, има добри поединци, но исто така и ние. И веруваме во ова што го поседуваме. Се надевам дека ќе успееме со победа да патува на реваншот во Белорусија и по можност без примен гол што е многу важно, ако не и клучно, во овие европски натпревари“, истакна Колумбиецот меѓу дебармаалци, Себастијан Ерера.

„Шестката“ со Тре Пене тргенете ја настрана, им порачува Виктор Треневски на своите фудбалери. Тренерот на Работнички потенцира дека Тре Пене е историја, на ред е посериозен противникот и затоа бара максимална фокусираност на она што претстои без мешавина на мисли со она што било. И, секако, докажување дека тимот од Градски парк има капацитет да се носи со квалитетни ривали по, како што вели, омаловажувачките коментари што стигнале до него за лесниот ривал во воведната рунда.

„Зборуваа дека сме играле со аматери во првото коло. Еве, на ред, дојдоа и професионалците. Динамо Минск од аспект на буџетот со кој располага би го споредил со Вардар и Шкендија од домашното првенство. Настапува во формација 3-4-3, играчите се добро потковани на тактички и на технички план. Меѓутоа сметки и планови имаме и ние и ќе се обидеме да ги преточиме во дела. Нема штедење, нема игра на резерва, одиме до крај. Пред нас се два меча за кои очекувам да бидат тесни, а патникот во наредното коло да се решава во Минск“, порача Треневски.

Судискиот тим за дуелот Работнички – Динамо Минск доаѓа од Северна Ирска. За главен арбитар е делегиран Арнолд Хантер во чија работа ќе асистираат Ричард Стори и Давид Андерсон.

Лига Европа/квалификации/2 коло/ први мечеви

Двојки за денеска

Иртиш (Казахстан) – Црвена звезда (Србија)

Каират (Казахстан) – Секндербег (Албанија)

Макаби Тел Авив (Израел) – Рејкјавик (Исланд)

Работнички (Македонија) – Динамо Минск (Белорусија)

Ружомберок (Словачка) – Бран (Норвешка)

Шкендија (Македонија)  Хелсинки (Финска)

Калју (Естонија) – Видеотон (Унгарија)

Алтах (Австрија) – Брест (Белорусија)

Брондби (Данска) – ВПС (Финска)

Лиепаја (Летонија) – Судува (Литванија)

Аполон (Кипар) – Зарија Балти (Молдавија)

Габала (Азербејџан) – Јагиелонија (Полска)

Хаугесунд (Норвешка) – Лех Познањ (Полска)

Естерсундс (Шведска) – Галатасарај (Турција)

Вадуц (Лихтенштајн) – Одд Гренланд (Норвешка)

Астра (Романија) – Зира (Азербејџан)

Валета (Малта) – Утрехт (Холандија)

Нидеркорн (Луксембург) – АЕЛ Лимасол (Кипар)

Беитар Ерусалим (Израел) – Ботев Пловдив (Бугарија)

Норчепинг (Шведска) – Тракаи (Литванија)

Слован Братислава (Словачка) – Лингби (Данска)

Хајдук (Хрватска) – Левски (Бугарија)

Штурм (Австрија) – Младост Подгорица (Црна Гора)

Тренчин (Словачка) – Бнеи Јехуда (Израел)

Абердин (Шкотска) – Широки Брег (БиХ)

Корк сити (Република Ирска) – АЕК Ларнака (Кипар)

Осиек (Хрватска) – Луцерн (Швајцарија)

Железничар (БиХ) – АИК Стокхолм (Шведска)

Ференцварош (Унгарија) – Митјиланд (Данска)

Паниониос (Грција) – Горица (Словенија)

Шамрок Роверс (Република Ирска) – Млада Болеслав (Чешка)

Валур (Исланд) – Домжале (Словенија)

Слични написи

keita

Ливерпул понудил, Лајпциг одбил 75 милиони евра за Кеита

Сопственикот на РБ Лајпциг, Дитрих Матешиц, рекол дека клубот одбил 75 милиони евра кои Ливерпул …