недела , 20 август 2017
лајонел

Лајонел Ричи ја одложи најавената турнеја поради операција на коленото

Ветеранот на соул музиката, 67-годишниот Лајонел Ричи ја одложи најавената турнеја со Мараја Кери, за да може да закрепне по операцијата на коленото.

Ричи и Мараја најавија турнеја од 35 концерти, која требаше да започне на 15 март во Балтимор во американската сојузна држава Мериленд.

Сепак, поради повредата на коленото, минатиот месец Ричи мораше да оди на операција, од која се уште не е заздравен целосно.

Закажаната турнеја наводно е поместена за во текот на претстојното лето.

Првично беше предвидено Кери и Ричи да го одржат последниот концерти од турнејата на 27 мај на Флорида.

Мараја неодамна изјави дека се радува на претстојните концерти со соул иконата.

– Јас сум почестена, затоа што Лајонел е легенда, а ова го работи многу подолго време од мене. Тој е фантастичен. Јас ќе имам свој дел од настапите на сите концерти, ќе пеам еден час. Ќе ги пеам омилените хитови на публиката, затоа што ова го работам поради нив, рече Кери.

Слични написи

timthumb (31)

Уапсен бизнисменот Бенџамин Штајнмец

Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компании во земји на Балканот, меѓу кои …