вторник , 26 септември 2017
lavrov

Лавров: Нападот на Југославија од страна на САД беше агресија

САД јавно ја навредуваат Русија, обвинувајќи ја за воени злосторства во Сирија, иако тие бомбардираа цивилни цели во поранешна Југославија, рекол шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пренесуваат српските медиуми.

 

Лавров ова го изјавил во интервју за документарниот филм на мрежата „Росија 1“, насловен „Донесов одлука. Сергеј Примаков“. „Кога најголемиот патриот во својата земја, политичар со големо искуство, важен државен претставник, особено силна институција која поседува енциклопедиско образование и разбирање на различните процеси, дозна дека САД планираат да почнат до бомбардирање на СР Југославија, сметаше дека нема смисла да продолжи со вообичаените активност и да оди кај американскиот потпретседател Ал Гор на важни, но сепак рутински разговори“, рекол Лавров.

Тој пресврт, според него станал „потсетник дека Русија не може во светот да има друга мисија освен мисијата за одбрана на вистината и тоа да го работи заедно со останатите сили, но секако остварувајќи рамноправни односи и договори од заемна корист“.

„Агресијата на Југославија секако беше агресија. Тоа е инаку првиот вооружен напад во Европа врз една суверена држава после 1945-та година“, истакнал Лавров. Според него, доколку сега за ова се говори, имајќи го во предвид тоа што се случува во Сирија, западните партнери на Русија, првенствено Американците, но и Британците, во својата хистерија упатуваат јавни навреди користејќи зборови како што се „варварство“ и „воени злосторства“.

„Ќе потсетам дека агресијата на СР Југославија беше поврзана со нападите над огромен број цивилни цели, како што се српската телевизија, мостови на кои патувале цивилни патнички возови и уште многу. Илјадници убиени, од кои неколку стотици деца, 250 илјади бегалци на кои никој оттогаш не се сети“, рекол шефот на руската дипломатија.

Како што истакнал, доколку Русија преку посредство на Примаков не реагирала онака како што тој реагирал на грубото кршење на меѓународното право, тогаш таа долго не би можела да си прости на себе и нејзината историја би содржела уште една непријатна страница.

„Тој (Примаков) тоа го направи на таков начин што Русија го покажа својот карактр и го усвои единствниот исправен став во тој момент“, рекол Лавров. Примаков беше премиер на Русија од 1998-та до 1999-та година, а во својата кариера беше и министер за надворешни работи, претседател на Врховниот совет на Советскиот сојуз и шеф на разузнавачките служби, потсетува агенцијата Тас.

На 24-ти март 1999-та година тој одлета во официјална посета на Вашингтон, но во моментите кога авионот беше над Атланскиот океан, дозна дека НАТО започна да ја бомбардира тогашна Југославија. Тогаш Примаков одлучи да ја откаже посетата и наложи авионот да се пренасочи и врати во Москва, наведува руската агенција

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …