сабота , 23 септември 2017
sergej-lavrov-foto-youtube-news-streets-yns_f

Лавров: Решавањето на сириската криза без Иран е безнадежно

sergej-lavrov-foto-youtube-news-streets-yns_fИран, Египет, Катар, ОАЕ и Јордан треба да земат улество во решавањето на сириската криза, соопшти денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за каналот „Росија ТВ“.

Запрашан дали „форматот“ Русија – САД – Саудиска Арабија – Турција го смета за доволен за разговори за Сирија, Лавров одговори негативно, пренесе ТАСС.

Лавров истакна дека согласувајќи се на разговори во тој формат во Виена, Русија нагласила дека обидот за создавање круг на земји кои го поддржуваат решавањето на кризата во Сирија без Иран е безнадежен.

Рускиот министер за наворешни работи истакна дека под сегашните околности е важно во групата на овие земји да се вклучат и држави како што се Египет, Катар, ОАЕ и Јордан.

Лавров напомена дека претставниците на некои од овие земји „можат утре да бидат во Виена“ , но „на паралелни состаноци“.

-Тие изразија желба да разговараат со нас. Ние за тоа сме подготвени, рече Лавров.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …