вторник , 26 септември 2017
lavrov-ms

Лавров: САД одбија да преговараат со Москва за операцијата во Сирија

lavrov-msРускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека САД одбиле да испратат воена делегација во Русија за преговори околу поблиска соработка во борбите во Сирија, предложена од страна на Москва.

Официјален Вашингтон, исто така, одбил и да прими руска делегација, пренесува ТАСС.

– Тоа им го предложивме на Американците, за што вчера пред јавноста зборуваше претседателот Владимир Путин. Побаравме во Москва да испратат делегација од воени експерти, со цел да се постигне договор за серија заеднички чекори, по што бевме подготвени да испратиме во Вашингтон делегација на високо ниво со премиерот Дмитриј Медведев, изјави Лавров пред Долниот дом на рускиот Парламент.

Денеска ни одговорија дека нема да можат да испратат делегација во Москва, ниту да примат делегација во Вашингтон, истакна рускиот министер за надворешни работи. Според него, предлогот бил даден од претседателот Путин за време на неговата посета во Њујорк кон крајот на септември.

Русија нема добиено официјално барање за директна воена поддршка од други држави, освен од Сирија, истакна Лавров. Според рускиот министер, неговите колеги во Ирак и Авганистан, исто така, зборуваат за опасноста од ширење на тероризмот.

– Официјално барање за вклучување на руската воена авијација од други држави не е поднесено. Ако има такви, одлука ќе донесе главниот командант за учество на министерството за одбрана, истакна Лавров,.

Борбата против тероризмот е приоритетна, но треба да се води паралелно со политичко уредување на основата на рамноправен дијалог, истакна Лавров пред руските пратеници.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …