недела , 24 септември 2017
b061116g
16th November 2006
Meeting of the Military Committee
EAPC/MC Session
Left to right: Chief of Defence of Tajikistan next to Col. Sime Spaskoski (Chief of Defence, former Yugoslav Republic of Macedonia)
b061116g 16th November 2006 Meeting of the Military Committee EAPC/MC Session Left to right: Chief of Defence of Tajikistan next to Col. Sime Spaskoski (Chief of Defence, former Yugoslav Republic of Macedonia)

Лазо Велковски, Раде Јанковски и Мирослав Стојановски најсериозни кандидати за нов министер во МВР

mvr-logo
Според договорот од Пржино, до утре Министерството за внатрешни работи треба да добие нов министер. Во јавноста веќе се вртат неколку имиња за тоа кој ќе седне во фотелјата на актуелниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, но засега од СДСМ не откриваат кои се кандидатите на нивната листа . Според извори од СДСМ едни од најзериозните кандидати за ова место се Лазо Велковски и Раде Јанковски, кој не се многу познати за пошироката јавност.

Велковски бил шеф на Градската управа за внатрешни работи Скопје-ГУВР, а Јанковски, кој потекнува од Струмица, сега е во пензија, а во 2006 годиина, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, од шеф на гранична полиција бил поставен за инспектор во полициската станица Центар.

На листата има  и поранешни министри, професионалци кои порано биле дел од полициските структури, но и припадници на други безбедносни институции. Наводно, како што неодамна објави „Телма“, во игра влегуваат и поранешниот министер Силјан Аврамовски, екс началникот на Генералштабот на АРМ, генералот Мирослав Стојановски, поранешниот разузнавач Владимир Пивоваров како и поранешните безбедносни функционери во МВР Горан Митевски и Зоран Доревски.

Новиот министер ќе има и двајца заменици, актуелниот Земри Ќамили, а дополнително и ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи уште еден заменик. Засега се шпекулира дека најверојатно тоа ќе биде актуелниот министер Митко Чавков.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …