вторник , 26 септември 2017
LDP-660x320

ЛДП: Чизмата на ВМРО-ДПМНЕ е виновна за егзодусот на Македонците во 21-иот век

LDP-660x320
„Трендот на миграција на населението од Македонија во странство, добива се’ позагрижувачки размери. Најновите податоци на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека само за една година, Македонија ја напуштиле најмалку 20.562 македонски граѓани, што е рекордна бројка на иселени луѓе во последните 15 години. Истите тие податоци наведуваат дека најмногу од мигрантите, дури 14.387 Македонци во 2013 година тропнале на портите на Германија, 1.457 се отселиле во Австрија и 1.385 во Швајцарија.

Сумираните податоци досега, од релевантни инстутуции за отселени Македонци од земјава, во последните години надминува 600 илјади луѓе!

Токму овие бројки се тажната реалност за Македонија под чизмата на ВМРО-ДПМНЕ.  За десет години владеење на Никола Груевски и фамилијата, повеќе од една четвртина од македонското население замина по светот, оставено без егзистенција и без иднина во сопствената земја.

Никола Груевски и неговиот режим, невешто “намалувајќи“ ја невработеноста, ќе бидат запаметени во историјата како единствена причина за егзодусот на Македонците во 21 век.

Оваа болна вистина допира до сите нас, до секое македонско семејство, бидејќи заминуваат нашите деца, роднини, пријатели, заминуваат младите, високообразовани луѓе. Кратко кажано – заминува иднината на оваа земја.

Оваа вистина  никого не остава рамнодушен. Токму затоа срамот за Македонија, Никола Груевски и неговиот режим треба да заминат час поскоро, покрај сите криминали и злодела направени врз грбот на македонскиот народ и како морална одговорност за егзодусот и разнебитувањето на државата“, се вели во соопштението на ЛДП.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …