вторник , 26 септември 2017
LDP-660x320

ЛДП : Да не се попречува правдата и владеењето на правото во државата

„Управaта за безбедност и контраразузнавање да не ја попречува истрагата на Специјалното јавно обвинителство и да не се спротивставува на судска наредба. Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат кој нелегално прислушувал во државата и во чии интереси“, се вели во денешното соопштение на ЛДП.

„Либерално демократската партија повикува да не се попречува правдата и владеењето на правото во државата, особено не од институција која треба да ги заштитува интересите на државата и граѓаните. По синоќешните опструкции врз работата на СЈО од страна на политичките марионети на власта, го повикуваме Основното јавно обвинителство да поведе постапка за попречување на работата на СЈО и спротивставување на судска наредба, бидејќи токму попречувањето на споведувањето на судска наредба е кривично дело кое се санкционира со нашите закони.

Оваа власт, со ваквото однесување, уште подлабоко тоне во жив песок. Вистината за тоа кој прислушувал во Република Македонија и за чии интереси, кога-тогаш ќе се обелодени. Ако не сега , тогаш сигурно после 11 декември, кога новата влада ќе ги разобличи сите криминали и злодела на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, додаваат од ЛДП.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …