недела , 24 септември 2017
LDP-660x320

ЛДП: Груевски и кумот Ставрески од Македонија направија „бунар без дно“

LDP-660x320
Бруто надворешниот долг на Р. Македонија, заклучно со вториот квартал, на 2015 година изнесува 7 милијарди и 100 милиони евра, што е речиси 71% од БДП на државата. Овие податоци на Народната банка на Р.М јасно ја отсликуваат катастрофалната економската состојба на државата во која не’ втурна Никола Груевски и неговата влада во заминување, велат од ЛДП.

Овие факти, за жал, не можат да се побијат ниту со една од владините пропаганди за розовата слика за македонската економија, напротив, вистината е дека најголемиот должник е самата држава, затоа што Груевски од Македонија направи “бунар без дно“.

Истовремено, владата во заминување, со безброј погрешни политики и со неразумно трошење на јавните пари, “успеа“ да го зголеми јавниот долг од 1,5 милијарди евра во 2008 година, на 4 милијарди евра годинава.

Што е уште полошо и потрагично, овие негативни трендови и натаму продолжуваат, така што за жал веќе нема “ниту за леб, ниту за чоколадо“, што би рекол министерот за финансии и кум на премиерот, Зоран Ставрески.

Либерално-демократската партија ја повикува владата во заминување да престане да се задолжува и неодговорно да ги доведува во должничко заложништво идните генерациии на оваа земја.

По падот на Груевски и неговиот кум на вонредните парламентарни избори во април догодина, новата влада, која иако ќе се соочи со тешка и драматична финансиска состојба на државата, веднаш ќе започне со справување со последиците од лошо водената економија во последните девет години. Наместо бесмислени и непродуктивни инвестиции, новата влада ќе се насочи кон конструктивни инвестиции во енергетиката и намалување на енергетската зависност на државата, транспортната инфраструктура, мерки за поттикнување на извозот, изедначување на домашните со странските инвеститори.

Наместо субвенции за инвестиции, кои во најголем дел резултирааа со извоз на евтина работна рака, ќе се поттикнува развојот и воведувањето на нови технологии, создавање на производи со нова и повисока додадена вредност, како и со растоварување на стопанските субјекти.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …