вторник , 26 септември 2017
LDP-660x320

ЛДП: Иницијативи за безбедност во сообраќајот во општините Кисела Вода и Аеродром

LDP-660x320
„Поради драстично зголемениот број на сообраќајни незгоди во урбаните средини и зголемениот број на жртви и повредени во сообраќајот, Либерално-Демократската Партија, преку своите советници во советите на општините Кисела Вода и Аеродром, Игор Вељаноски и Марјан Здравковски, покрена иницијатива за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во општините.

Собранието на Република Македонија уште пред една година усвои национална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата 2015-2020 година. За разлика од пратениците, единиците на локалната самоуправа сеуште немаат усвоено никаков акт, иако имаа должност да изготват и усвојат акциони планови, односно програми за операционализација на стратегијата, кои ќе содржат конкретни мерки и активности за унапредување на безбедноста во сообраќајот.

Бројот на моторни возила и возачи од година в година се зголемува. Зголемувањето на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви и повредени, се реалност во општините.

Оттука, ЛДП смета дека се потребни итни мерки и активности на градоначалниците, општинската администрација и советите, во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, пред се’, поради фактот што голем дел од ингеренциите и надлежностите во областа потпаѓа токму под единиците на локалната самоуправа“, се вели во соопштението на ЛДП.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …