недела , 22 октомври 2017
LDP-660x320

ЛДП на локалните избори ќе настапи заедно со СДСМ

Либерално-демократската партија (ЛДП) синоќа донесе одлука на наредните локални избори да биде дел од победничката коалиција со СДСМ, коалиција која гарантира враќање на демократијата на локално ниво, расчистување со криминалното рабтоење и конечно, посветување на реалните локални проблеми на граѓаните.

На синоќешната седница, Централниот одбор на ЛДП го прифати договорот за коалиционен настап на наредните локални избори со Социјал демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

На истата седница, членовите на Централниот одбор го исклучија од партијата и од сите партиски тела и органи поранешниот претседател, Андреј Жерновски, поради преминувањето во СДСМ.

На Жерновски, ЦО на ЛДП му посака среќа и успех во натамошната работа, а на СДСМ им посака овој пат да не им се повтори Стевчо Јакимовски.

Членовите на ЦО на седницата го избраа и вториот потпретседател на партијата, Игор Вељаноски, кој досега ги извршуваше функциите на претседател на градската организација на ЛДП и советник во Советот на Општина Кисела Вода.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …