вторник , 27 јуни 2017
ldp-1

ЛДП: Реформската влада напорно ќе работи за влез во Европското семејство

Македонија нема друга алтернатива освен членство во Европската унија, соопшти денеска Либерално-демократската партија (ЛДП).

– Интеграцијата во ЕУ за нас отсекогаш била врвен државен и стратегиски приоритет. Македонија се враќа на вистинскиот пат за влез во големото европско семејство. Брзата разрешница на политичката криза, формирањето нова влада, враќањето на демократските вредности, владеењето на правото, правдата, независноста на судството, слободата на медиумите, ќе бидат алфа и омега за новата власт во државата, наведува ЛДП.

Според ЛДП, новата реформска влада од првиот ден напорно ќе работи на враќање на државата на патот на евроинтеграциите. – Она што е дамнешен сон за македонските граѓани, наскоро ќе стане и реалност, стои во соопштението на ЛДП.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …