недела , 22 октомври 2017
ledecki-500x320

Ледецки со нов светскиот рекорд на 1.500 метри слободен стил

ledecki-500x320Американката Кејти Ледецки денеска го собори сопствениот светски рекорд во слободен стил на 1.500 метри на Светското првенство во пливање што се одржува во рускиот град Казањ.

Ледецки, која исто така држи светски рекорди на на 400 и 800 метри, во квалификациите на 1.500 постигна најдобар резултат на сите времиња – 15:27,71 минути.

Претходниот рекорд изнесуваше 15:28,36 минути постигнат пред една година.
Ова е втор светски рекорд во Казањ, откако вчера Швеѓанката Сара Сјостром гоподобри најдоброто време на 100 метри пеперутка.

 

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …