недела , 22 октомври 2017
dzihadisti-sinaj-540x320

Либија: Џихадисти им ги отсекле главите и распнале 12 лица во Сирт

dzihadisti-sinaj-540x320Џихадисти од Исламска држава за време на битката за либиското пристаниште Сирт, им ги отсекле главите и распнале на крст 12 лица, јави либиската новинска агенција ЛАНА.

Борбата за контрола врз Сирт, родното место на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, се разгоре од вторникот, а еден од најистакнатите либиски дипломати предупредува дека во тој град би можело да се случи масакр.

Агенцијата објави дека 12 убиени лица биле локални борци кои се бореле против Исламска држава во источното предградие на Сирт.

Либиската новинска агенција наведува дека џихадистите погубиле уште 22 жители на Сирт, кои се бореле против ИД, а кои лежеле повредени во лојална болница. По убиствата на борците, џихадистите исто така ја запалиле болницата.

Амбасадорот на Либија во Франција Чибани Абухамуд изјави дека во борбите во Сирт досега загинале меѓу 150 и 200 лица.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …