сабота , 21 октомври 2017
ID-women-701x394

Лидерката на „одредот на смртта“ на ИД е Албанка од Косово

Од просторите на Косово, во редовите на Исламска држава (ИД), во Сирија и Ирак се борат вкупно 44 жени, додека од Босна и Херцеговина 60 жени, покажуваат податоците на Косовскиот центар за безбедносни студии.

Најпозната Албанка од Косово која се приклучила на ИД е Ќамиле Тахири која има 23 години. Според косовските медиуми таа се наоѓа на чело на камповите за обука на жените џихадисти на ИД во Сирија и се смета за една од најрадикалните жени од овие простори.

Под нејзин патронат, десетици жени Албанки од Косово, Албанија и Македонија пристигнале во редовите на ИД. Нејзина „десна рака“ е Лаура Хусеини, која исто така е од Косово и која во ИД ги повлекла својот маж и брат.

Нивната улога не е само да бидат „невести на џихадистите“, туку да вршат регрутирање на нови членови од целиот свет, најчесто преку интернет.

„Спутњик“ наведува дека ИД во својот состав има повеќе бригади кои се составени само од жени. Најпозната е озогласената женска бригада Канса. Оваа брига е формирана во 2014 година, а името го добила по Канса, арапска поетеса од најраните денови на исламот.

Припадничките на оваа група се на возраст од 18 до 25 години, а меѓи нив има многу жени од западните држави, кои се регрутирани преку социјалните мрежи и кои го примиле исламот за своја религија. Обуката во оваа брига трае еден месец, припадничките носат оружје и можат да бидат борци или жени кои делуваат како еден вид на полицијата внатре во редовите на ИД. Лидерите на оваа терористичка организација сметаат дека жените се потребни во групата за да можат да прикажат дека ИД е „организирано општество“ кое е втемелено „на изворното толкување на исламот“.

Неочекувано, но во оваа бригада се примаат само високообразовани жени. Предност имаат оние кои се занимаваат со интернет технологијата, или се од економскиот сектор, а тоа најчесто се жени од западните држави и САД.

Европските, а пред сите британските медиуми неколку пати објавуваа бројка од 80.000 жени кои на некаков начин се поврзани со ИД – се приклучиле на групата, помагаат финансиски или се ткн. спијачи во европските држави.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …