сабота , 21 октомври 2017
isis

Лидерот на ИСИС е жив, знаеме каде точно се наоѓа: Курдски службеник го шокирал светот

Лахур Талабани за “Reuters” рекол дека ИСИС, по поразот, ќе се сврти кон бунтот како начин на делување.

По шпекулациите дека лидерот на ИСИС, Абу Бакр Ал Багадади, е убиен, еден високо позициониран курдски службеник задолжен за борба против тероризмот, изјавил денес дека е речиси 100 проценти сигурен дека Багдади е жив, и дека е лоциран јужно од Рака.

Лахур Талабани имено рекол дека е 99 проценти сигурен дека лидерот на ИСИС, за кого се тврди дека настрадал во нападите на руската авијација на еден камп во Рака, всушност е жив.

Талабани дури и тврди дека Ал-Багдади е лоциран јужно од Рака, и тоа во момент кога од Русија дошле вестите дека е убиен.

Тој за Reuters рекол дека ИСИС, по поразот, ќе се сврти кон бунтот како начин на делување, и би можела да потсетува на “Ал Каеда” на стероиди.

Според неговите зборови, идниот лидер на ИСИС веројатно ќе биде некој разузнавач кој некогаш работел за Садам Хусеин.

Потсетуваме, пред околу еден месец од Русија дошла веста дека лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал-Багдади е најверојатно убиен во текот на еден воздушен удар на руските сили.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …