недела , 22 октомври 2017
evangelos-meimarakis

Лидерот на Нова демократија Евангелос Меимаракис доби можност да состави нова влада

evangelos-meimarakisЛидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Евангелос Меимаракис, од претседателот на земјата Прокопис Павлопулос, доби условен, испитувачки мандат за состав на нова влада, информира грчкиот весник њуз.ин, пренесува БТА.

Лидерот на грчките конзервативци во текот на ноќта по мејл го добил мандатот од кабинетот на претседателот. Денеска тој ќе се сретне со шефот на државата за мандатот и официјално да му биде врачен.

Меимаракис изјави дека ќе го почитува врачениот мандат. Согласно Уставот секој испитувачки мандат трае три дена. Се очекува шефот на Нова демократија веднаш да почне со консултации. Тој изјави дека ќе се сретне со лидерот на „Потами“ (Реката) Ставрос Теодоракис, со лидерката на ПАСОК Фофи Генимата, со генералниот секретар на комунистичката партија, Димитрис Куцумбас, а, исто така, и со лидерот на Левата платформа во СИРИЗА, Панајотис Лафазанис, за да го сондира расположението за нивна поддршка во Парламентот за состав на нова Влада.

Евангелос Меимаракис не прецизираше дали ќе се сретне и со лидерот на „Независни Грци“, Панос Каменос, но не ја исклучи можноста од средба со лидерот на неонацистичката „Златна зора“, Никос Михалолиакос, доколку партиските органи му дадат одобрение за таква средба.

Меимаракис беше обвинет од ПАСОК дека оди на  консултации со една партија која не му припаѓа на демократскиот простор. Останатите партии, исто така, соопштија дека не сакаат да прават консултации со „Златна зора“.

Извори од Нова демократија не ја исклучуваат можноста партискиот лидер да го врати испитувачкиот мандат на шефот на државата уште пред истекот на тридневниот рок.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …