недела , 24 септември 2017
zaev fb

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најавува нови “бомби”

zaev fb
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на својот личен профил на фб најави нова бомба. Тој на фб го напиша препознатливот знак за одбројување пред бомба ‪#‎ТикТакТикТакТикТак‬. Според тоа следува ново продолжение од проектот “Вистината за Македонија”, уште еден од прислушкуваните разговори од страна на УБК. Од партијата сеуште немаат прецизирано кога ќе биде објавувавена нова политичката бомба, но се претпоставува дека нема да биде објавна денес, поради тоа што на синоќешната средба даден е последен рок за реализирање на договорот од Прижно. Според неофицијални информации продолжението на бомбите ќе почне од вторник.

zaev tik tak
Доцна синоќа беше одржана лидерска средба за спас на договорот од Пржино. На лидерската средба во Клубот на пратеници присуствуваа Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи, како и евроамбасадорот Аиво Орав, претставник на Амбасадата на САД во Република Македонија, Бејли и белгискиот експерт Питер Ванхауте.

Во куса изјава за медиумите Ванхауте изјави:

“Се надевам дека ќе се постигне договор, има оптимизам во преговорите но сакам да потенцирам дека роковите се се пократки и пократки. Според него преговорите ќе продолжат денеска со поединечни средби со работните групи на политичките партии.

Лирерот на ДПА, Мендух Тачи прв ја напуштил средбата, по него излегол лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а водечките луѓе на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ останале кратко насамо со странците.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …