вторник , 24 октомври 2017
cervar

ЛИНО ЧЕРВАР: Се боревме колку што можевме

Тренерот на гостите, Лино Червар после средбата му честиташе на противникот за постигнатиот резултат, а и на Вардар му посакува уште повеќе успеси на сите полиња на коишто се натпреварува.

– Му честитам на Вардар на победата и му посакувам уште поголеми успеси. Ние денеска игравме така како што можевме. Мојот тим се бореше во текот на сите 60 минути. Ја загубивме концентрацијата и примивме неколку лесни голови – изјави Червар.

Червар го потврди она што можеше да се забележи на теренот во најголемиот дел од средбата.

– Ме разочара делењето на правдата на оваа средба кое не наликуваше на тоа.

На прашањето зошто е упорен со играњето без голман имаше интересно размислување.

– Мора да се работи нешто ново и да се внесува новитет. Не можам да кажам ништо лошо за момците. Тие одиграа добро. Мислам и дека не примивме толку многу голови – коментираше Червар.

 

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …