недела , 22 октомври 2017
hari-najava

Локвенец: СДСМ ја почнува победата од револуционерен Прилеп

СДСМ ја почнува победата од револуционерен Прилеп, исто како пред 75 години, од ова место, од овoј участок каде што започна победничката револуција, така и овој пат победничката борба ја започнуваме од револуционерен Прилеп, рече Хари Локвенец, кандидат за пратеник во И.Е.4.

– Вечер ги претставуваме кандидатите, имаме одлични кадри, чесни и спремни, вечер го претставуваме планот за живот во Македонија, во Прилеп. Планот за повисоки плати и подобар живот да стигне до секој граѓанин, младите да останат дома, иселувањето да запре.
Ние испишуваме историја сите заедно, затоа ги каниме сите граѓани вечер во 19 часот на плоштадот во Прилеп, сите заедно на големиот сенароден граѓански митинг во центарот на градот, затоа што сите ние сме битни и секој граѓанин е битен во оваа борба за слободна демократска и рамноправна Македонија – рече Локвенец.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …