вторник , 26 септември 2017
lorenzo i markez

Лоренцо негира дека склучил пакт со Маркез

lorenzo i markez
Возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо, објави соопштение во кое негира дека има договор со Марк Маркез, според кој возачот на Репсол Хонда треба да му помогне во борбата за шампионската титула со тимскиот колега Валентино Роси.

На прес конференцијата пред трката за Големата награда на Малезија, која се возеше во неделата, Роси го обвини Маркез дека сака Лоренцо да ја освои титулата, поради што намерно го попречувал на претходната трка во Австралија.

Роси потоа имаше жестоки дуели со Маркез на патеката „Сепанг“ во Малезија, во таа борба на патеката „Докторот“ го натера Маркез во еден свиок да влезе прешироко, ,ладиот Шпанец потоа удри во Роси и излета од патеката.

Дирекцијата на трката објави дека двајцата претерале во таа борба, но дека Маркез делувал во согласност со правилата, а Роси не. Поради тоа Роси доби три казнени поени, кои во комбинација со едниот казнен бод кој Италијанецот го доби во Мизано, го враќа деветкратниот шампион во последниот стартен ред на трката за Големата награда на Валенсија, која е последна во кралската класа во Мото ГП шампионатот и по која ќе биде познат новиот шампион.

„Официјално негираме дека имало било каков состанок или дека бил склучен пакт помеѓу Хорхе Лоренцо и Марк Маркез. Тоа се неосновано информации кои италијанските медиуми ги презедоа од „Ла Република“. Не сакаме дополнително да ги вжештиме работите, само сакаме го изразиме нездадоволството од таквите шпекулации кои не биле проверени пред да бидат објавени во јавноста. Повторуваме, информациите дека постои пакт помеѓу Лоренцо и Маркез се апсолутно невистините“, стои во соопштението.

Трката за Големата награда на Валенсија ќе се вози на 8. ноември.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …