понеделник , 25 септември 2017
volk

Ловџии застрелаа три волци во Пелагонија

volk
Ловџии од ловното здружение „Сокол“-Битола застрелаа три волци во атарот на пелагониските села Подино и Ивањевци.

Акцијата беше организирана на иницијатива на месното население кое во немоќ да се заштити од дивите животни побара помош од нашите ловџии, соопштија од ЛЗ „Сокол“-Битола.

– Ловечката хајка по крволочните животни кои ги напаѓаат стадата со овци и кои само викендот задавиле пет овци во селото Подино, беше организирана професионално со 10 ловџии, и од регистрираните пет, отстрелавме три волци. За жал, волци се уште има и затоа ловечките акциите ќе продолжат, а населението го упатуваме на соработка со нашето здружение, информираа од ЛЗ „Сокол“-Битола.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …