вторник , 24 октомври 2017
GrozjeLozje

Лозарите од Тиквешијата бараат 15 денари за „вранец“ и 13 денари за „смедеревка“

GrozjeLozjeПетнаесет денари за килограм грозје од сортата „вранец“ и 13 денари за килограм „смедеревка“ бараат лозарите од Тиквешко на почетокот на бербата.

– Цените се формирани врз основа на проценка на реалните трошоци кои ги имаат лозаропроизводителите при производство на грозје. Наспроти нас, винарите даваат 12 и 10 денари за овие најзастапени вински сорти на грозје, изјави денеска Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија“.

Тој нагласи дека преговорите меѓу двете страни ќе продолжат и во иднина. Вчерашната средба не донела конкретни заклучоци, а следната треба да се одржи следниот понеделник.

 

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …