петок , 22 септември 2017
LP-novo-logo

ЛП: Министерството за здравство сноси одговорност за настани во јавното здравство

LP-novo-logoСпоред Либералната партија, случајот со родилката и бебето во гевгелиската болница е кулминација на состојбите во јавното здравство и бараат темелна истрага за случајот.

Воедно, оттаму реагираат на последното соопштение на Mинистерството за здравство со кое оваа институција се обидува целосно да се изземе од одговорност.

– Потенцираме дека целото здравство не може да биде одговорно за ваквите несакани трагедии, а Министерството не може да биде директно одговорно за неодговорноста на поединци доктори или медицински персонал. Но, челните луѓе во Министерството и раководствата на болниците се одговорни за отсуството на систем за квалитет и контрола на процесите во здравствените установи, што ги причинуваат ваквите трагедии. Министерството мора да организира правила и служби кои ќе пријавуваат и санкционираат случаи на конзумирање алкохол пред и за време на работа и пушење на цигари во болниците од страна на вработените – реагираат од Либералната партија.

Според нив, ако причините за ваквите случаи не се санкционираат превентивно, тогаш трагичните последици се неминовни.

– Ваквите состојби таложени со години, се причината што во рамки на подготовката на здравствената политика Либералната партија подготвува програма за имплементација на систем на контрола во квалитетот во пружањето здравствена нега и инвестирање во многу подобри услови за работа на докторите и медицинскиот персонал. Нашата цел е позитивно корисничко искуство на сите пациенти корисници на услугите во јавното здравство и позитивни работни услови на здравствените работници, со одржлив систем на финансирање на јавното здравство – се вели во соопштението на ЛП.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …