недела , 22 октомври 2017
LP-zname-web-491x320

ЛП: Непогодите не се спречуваат со Панорамски тркала и споменици, сликите од Тетово и Прилеп ќе ги гледаме и во Скопје

LP-zname-web-491x320Либералната партија изразува загриженост за моменталната политичко-економска состојба во Македонија каде власта е симбол за потценување на граѓаните и реалниот бизнис.

„Наместо да се фокусира на решавање на различните потреби и проблеми, Владата ги продолжува непотребите трошења на јавни пари како оние за изградба на „панорамско тркало“.

Сведоци сме дека луѓето страдаат од временски непогоди кои се резултат на речиси децениска негрижа во инфраструктурата при што гинат луѓе и згаснуваат млади животи.

Според Либералната партија, временските непогоди не зависат од Владата и локалната самоуправа, но ако тие спроведуваа одговорно и планско градење канализациони системи, спречување дивоградби, непланско сечење на шумите и ако ги регулираа водите, ќе се избегнеа човечките жртви и штетните последици од непогодите.

Затоа, според Либералната партија, централната и локалните власти се најодговорни за изгубените човечки животи и за големите материјални штети.

Катастрофите не се решаваат со посети од раководствата туку со насочување на непотребните милиони евра предвидени за споменици, панорамски тркала и сл. во санирање на штетите и градење на систем за спречување на вакви катастрофи.

За ова да се спречи во однина, бараме изградбата на „панорамското тркало“ да прекине, тендерот за споменикот на Мајка Тереза да се поништи и средствата да се пренаменат за помош на граѓаните погодени од непогодите во Македонија како и итна изградба на потребната инфраструктура.

Во спротивно, сеќавајќи се на свлечиштето во велешко, а гледајќи го безмилосното уништување на парк-шумата Водно, предупредуваме дека сликите од Тетово и Прилеп неминовно ќе се повторат и во други градови во земјата и во Скопје“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …