сабота , 21 октомври 2017
juventus-vs-lazio-serie-a-partido-y-resultado-en-directo

ЛШ: Јувентус со кадровски проблеми гостува во Барселона

Мега дербито помеѓу Барселона и Јувентус е дуелот што ја отвора 26.сезона во Лигата на шампионите. Вечерва на програмата се натпреварите во групите А, Б, Ц и Д, а покрај пресметката на „Камп Ноу“, ќе се одиграат уште седум други натпревари.

Барселона на стартот на натпреварите во Лигата на шампионите доби можност да му се одмазди на Јувентус за елиминацијата во минатата сезона. „Старата дама“ од Торино минатата сезона во четврт-финалето ја елиминира Барселона без примен гол: во Италија беше 3:0, а во Барселона 0:0.

Претходно Барса го победи Јувентус со 3.1, во финалето кое се одигра во 2015 година и кога го освои својот петти трофеј во Лигата на шампионите.

Интересно тимовите се целосно израмнети во меѓусебните дуели, на претходните девет соочувања Барселона и Јувентус имаат по три победи, а трипати играле нерешено.

Во пресрет на дуелот (20:45 часот) новиот тренер на Барселона, Ернесто Валверде, речиси нема никакви кадровски проблеми, додека неговиот колега Масимилијано Алегри има големи проблеми во составувањето на тимот, Манџукиќ и Кјелини се повредени, во тимот нема да биде ниту последното засилување Бенедик Ховедес, а Хуан Квадрадо е суспендиран поради црвениот картон што го доби во финалето против Реал.

Барселона е фаворит и поради неверојатната низа која ја има на домашен терен во Лигата на шампионите. Каталонците на 21 натпревар немаат пораз пред своите навивачи, а серијата е започната во септември 2013 година.

Натпреварот се игра во рамките на Д групата, каде во вториот меч ќе играат Олимпијакос-Спортинг Лисабон.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …