вторник , 24 октомври 2017
rk-metalurg-ls

ЛШ: Металург го пречекува Спортинг, нова шанса за први бодови во шампионската лига

Ракометарите на Металург попладнево против Спортинг ги очекуваат првите бодови во Лигата на шампионите. Македонскитео вицепрвак досега запиша два порази додека Спртинг е со ефект  од една победа  и пораз.

Металург  од 17-30 е домаќин на Спортинг , натпревар во која тимот од Автокоманда  очекува први бодови сезонава во лигата на шампионите. Фаворитската улога ја има екипата од Португалија но од таборот на нашиот тим најавуваат дека ке направат се да стигнат до добар резултат.

Александар Јовиќ: “Фаворитската улога им ја препуштаме на португалскиот тим. Се работи за искусна екипа што игра цврсто во одбрана и што е многу опасна во нападот. Додека работев во отсуство на Лино Червар, сметам дека во еден колектив сите вработени имаат свои права и обврски. Од страна на клубот сите обврски кон нас вработените се исполнети, сега ние треба да ги исполниме нашите обврски кон клубот, кон газдата и кон публиката која не бодри на секој натпревар. Треба да престанеме со криење од типот „имавме лош ден или лошо судење“, време е да се трансформираме и од мачиња да станеме лавови. Сметам дека само така можеме да и се спротивставиме на екипата на Спортинг. Ќе мораме да бидеме беспрекорно борбени во одбрана што е предуслов за лесни голови во нападот. Ракометот е колективна игра и нема многу простор за индивидуализам. Силен колектив може да исфрли квалитетен поединец на површина, но еден поединец не може сам да го влече целиот тим напред“.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …