недела , 20 август 2017
зидан

Лутиот Зидан употреби вулгарен речник опишувајќи го хорор стартот на „Местаља“

Реал Мадрид го доживеа вториот сезонски пораз во шпанската Примера, а и овојпат тоа се случи на едно од пожешките гостувања на Пиринеите, она на „Местаља“ кај екипата на Валенсија.

„Лилјаците“ се далеку од врвот оваа сезона и до пред две кола беа само на четири бода од опасната зона, но изминатава вечер одиграа партија за паметење, особено во првите 10 минути во кои комплетно го нокаутираа фаворизираниот противник.

Симоне Ѕаѕа во 4-та и Фабијан Орељана во 9-та ги направија работите пеколно тешки за избраниците на Зинедин Зидан, а токму лошиот старт на мечот е она што посебно го налути Французинот кој не го криеше своето разочарување по крајот на средбата.

Зидан потенцираше дека неговиот тим не влегол во натпреварот онака како што налага едно тешко гостување во Валенсија, а притоа употреби и вулгарен речник за да го опише хорор стартот кој го изрежираа неговите фудбалери.

– Јасно е дека влеговме многу лошо во мечот, го загубивме истиот во 10-та минута. Нашата најголема предност е тоа што влегуваме добро во натпреварите, но овојпат се случи спротивното. Ни дадоа два гола, после следуваа добри работи, но веќе беше касно. Во првите 10 минути не бевме подготвени, ниту концентрирани. Ни фалеше концентрација без топката, Ѕаѕа ни направи огромна штета за само 10 минути. Бевме многу развлечени по теренот и не вметнаа во тешки гом.. со нивните контранапади, – посочил лутиот Зидан по поразот од 2:1.

Слични написи

gokovichmadridopen-685x320

Ѓоковиќ: Бог ми порача, сега е навистина доста!

Со години доминираше во светскиот тенис, но Новак Ѓоковиќ е во сериозна играчка криза, проследена …