вторник , 26 септември 2017
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Мајка и бебе починаа во Медицинскиот центар во Гевгелија

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Ноќеска околу 23 часот на Гинеколошкото одделение во гевгелиската болница починале мајка и бебе.

Родилката имала 32 години и се породувала со царски рез. Породувањето го вршеле двајца гинеколози, анестезиолог и помошен персонал.

Веста ја потврди директорот на болницата во Гевгелија Сретко Јованов.

Тој рече дека веднаш била повикана полицијата, која извршила увид заедно со јавен обвинител од Велес. По налог на обвинителот телата на мајката и бебето се дадени на обдукција во Скопје./META

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …