недела , 22 октомври 2017
turci

МАК Данишманлик: Над 60% од Турците не сакаат влез во ЕУ

Шеесет и пет проценти од Турците го поддржуваат сојузот меѓу владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и опозициската Партија на националистичка акција (МХП) по прашањето за промени во Уставот на земјата, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „МАК Данишмалик“, чии резултатие беа објавени денеска од весникот „Акшам“.

Според резултатите од истражувањето, спроведено меѓу 8 и 12 ноември со 5.400 лица во 50 окрузи во земјата, 68 проценти од испитаниците го поддржуваат, а 28 проценти се против дијалогот меѓу турската Влада и МХП за уставни измени, со кои се планира воведување на претседателски систем на управување во Турција.

По ова прашање, седум проценти од испитаниците се колебаат за одговорот.

Истата анкета покажа дека 64 отсто од Турците не сакаат влез во ЕУ.

Толкав процент од анкетираните одговориле негативно и на прашањето дали сметаат дека напорите за влез во Унијата треба да продолжат.

Позитивен одговор на ова прашање дале 22 отсто од Турците.

Враќање на смртната казна за определни злосторства, како на пример велепредавство, сакаат 71 отсто од испитаниците, 18 проценти се против, а 11 не навеле конкретно мислење, пишува весникот „Акшам“.

На прашањето: Дали сметата, дека САД и НАТО се наши стратешки пријатели, 78 отсто од анкетираните одговориле со „не“, додека 22 проценти дале позитивен одговор/

Истовремено, резултатите од анкетата на „МАК Данишмалик“ покажуваат дека владејачката АКП ужива поддршка на 51 проценти од анкетираните.

Ако изборите се одржат сега, во Парламентот на Турција, покрај АКП, би влегле само уште две партии – опозициските Републиканска народна партија (ЦХП) со 25 отсто поддршка и Партијата на националистичка акција (МХП) со 14 проценти.

Курдската Демократска партија на народите има поддршка од седум отсто, односно е под цензусот од 10 отсто за влез во Парламентот.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …