вторник , 26 септември 2017
zname mkd

Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба

Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври ­ Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод, делегации на Собранието на Република Македонија и на Владата ќе положат цвеќе пред споменикот на основачите на ВМРО во Паркот „Жена борец“.

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ денеска на пладне во Собранието на Република Македонија ќе ја додели државната награда „23 Октомври“ за 2016 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно­историското наследство на Република Македонија.

Државната награда „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на музичкиот уметник проф. д­Драган Даутовски, актерот Иван Петрушевски и ликовниот уметник Реџаи Исени.

За остварување во областа на науката и образованието, годинашни добитници се Стефан Влахов, историчар и филозоф и Агим Пољоска, албанолог.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …