среда , 20 септември 2017
received_229116007580243

МАКЕДОНИЈА ЈА ОСЛОБОДИВМЕ, ЌЕ ЈА ОСЛОБОДИМЕ И ГАЗИ БАБА!!!

Во овие мигови кога конечно ја славиме СЛОБОДАТА, кога конечно можеме со гордост да кажеме – УСПЕАВМЕ, неможам а да не се потсетам на миговите кога ја започнавме борбата за ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА.

Неможам, а да не се потсетам кога многу ни велеа дека е невозможно да се сруши режим со пенакло во рака, кога ни велеа дека тоа е битка на која однапред сме осудени на неуспех, а јас длабоко во себе знаев дека МОЖЕМЕ И ЌЕ УСПЕЕМЕ зошто знаев дека наш водач е ЗОРАН ЗАЕВ, човек со визија, човек кој знаеше дека ако доволно се сака Македонија, ако доволно се сака сопствениот народ и најважно ако се има верба во сопствениот народ тоа е можно.

И еве не денес на овој убав сончев ден сите заедно со радост во душите и среќа во очите можеме да ги погледнеме резултатите и конечниот исход од таа моја, твоја, наша тешка и бескомпромисна битка против теророт, против криминалот, против геноцидот на сопствениот народ кој го спроведуваше разулавената криминална групација ДПМНЕ, а резултатите се ПОБЕДА ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА. Резултатот е надеж дека ќе има ЖИВОТ за сите граѓани без разлика на верска, национална и политичка определба, ќе има ЖИВОТ без реваншизам, ќе има ЖИВОТ за секого и секаде во МАКЕДОНИЈА.

Сето ова како еден од илјадиниците борци за ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА ме прави бескрајно среќен и ме исполнува со оптимизам за иднината моја, за иднината на моите другари и другарки, за иднината на сите нас, но воедно и како човек кој е Координатор на Советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Гази Баба и Секретар на Општинската организација на СДСМ во Гази Баба, можам да ветам дека со задоволство ја прифаќаме обврската да ја продолжиме борбата и за ЖИВОТ ВО ГАЗИ БАБА, да го довршиме и тука во Гази Баба тоа што го постигнавме на државно ниво, да има иднина, пристоен живот за ситен нас во НАШАТА ГАЗИ БАБА.

Затоа со длабока верба во сите кои заедно сакаат да изградиме подобра иднина, но и знаејќи дека и зад нас стои човек како што е новиот Премиер на Р. Македонија Зоран Заев, можам да ветам на моите сограѓани во Гази Баба дека борбата продолжува до конечна победа на демократијата во секоја населба, во секое населено место во секоја уличка од мојата и вашата Гази Баба. Бидејќи сите ние жители на ГАЗИ БАБА после повеќе од 15 години, не заслужуваме лажни ветувања од ДПМНЕ, туку напротив тука сме за да ја направиме ГАЗИ БАБА пристојно место за живеење, да изградиме многу патишта и тротоари, да изградиме многу зелени површини и паркови, спортот о спортдките клубови да си го вратат вистинскиот сјај, децата од Хиподром и Ченто да учат во нови училишта, дечињата од Раштак, Булачани, Црешево, Виниче, Страчинци, Брњарци и Стајковци за прв пат да имаат нова детска градинка, а сите жители во Гази Баба да ги почуствуваат благодетите на одговорна општинска администрација која што ќе им излезе во пресрет и ќе ги решава брзо и ефикасно сите нивни потреби и проблеми.

ЗАТОА БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА ДО КОНЕЧНА ПОБЕДА – БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА ЗА ЖИВОТ ВО ГАЗИ БАБА

Искрено Ваш, Дарио Николовски

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …