петок , 22 септември 2017
spa centar

Македонија за прв пат ќе биде домаќин на „Балканските спа- номинации“

spa centar
Македонија за прв пат ќе биде домаќин на „Балканските спа- номинации“. Специјалната церемонија ќе се одржи на 17 октомври во Македонскиот народен театар. На настанот ќе присуствуваат претставници од Владата на РМ, од јавниот живот, од институции, пред сѐ, институциите кои работат во туристичкиот сектор. Специјални гости ќе бидат претставници на неколку светски хотелски асоцијации, стопански комори и инвеститори. Гала- церемонијата официјално ќе биде отворена од министерот за економија на РМ Беким Незири. Ќе бидат доделени награди во осум категории:

• Најдобар спа- хотел
• Најдобар спа- центар
• Најдобар здравствен спа – хотел
• Најдобар спа- менаџер
• Најдобар спа- козметика
• Најдобра фирма за изградба на спа
• Најдобра спа- инвестиција
• Најдобар спа- ланец

Жирито за евалуација на номинираните е составено од спа- експерти од сите држави кои се вклучени во мрежата на организацијата „Спа номинации“. За престижните награди ќе се натпреваруваат учесници од осум балкански држави: Македонија, Бугарија, Турција, Грција, Романија, Косово, Албанија и Србија. Од Македонија ќе учестуваат 9 номинирани субјекти од спа- индустријата, и тоа: Дебарски Бањи-Цапа, Хотел Изгрев, Хотел Аурора, Хотел Русија и др. Добитниците на наградите ќе имаат можност да присуствуваат на доделувањето на светските спа награди кои ќе се одржат во февруари во Лондон. Инаку, домаќини на церемонијата ќе бидат Сашко Коцев и Ивана Хаџиевска. Дел од програмата ќе бидат и светски познатите „Трио тенорите“ и акробатскиот уметник Сирма Добрева, како и нашата позната поп пејачка Тамара Тодевска.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …