вторник , 26 септември 2017
mzt

Македонска пресметка во АБА лигата – Штркови против соколи.. меч за прва победа

Денес е ден за историја, по прв пат две македонски кошаркарски екипи, ќе се пресметаат во АБА лигата, и една од екипите ќе запише прва победа во ова натпреварување сезонава.

Ова воедно ќе биде дерби на екипите кои се наоѓаат на дното од табелата. МЗТ Скопје против Карпош Соколи, подобрата екипа ќе се израдува по прв пат сезонава во ова натпреварување.

За овој меч и двете екипи ќе имаат нови засилувања во своите редови, за „соколите“ ќе настапи Ричардс, додека за МЗТ Скопје ќе настапи Даниел Кларк.

Со оглед на катастрофалните резултати кои овие две екипи ги бележат во регионалното АБА првенство, овој натпревар ќе биде шанса за престиж меѓу овие две екипи, и запишување на првата победа во ова натпреварување, што драстично ќе ја зголеми самодовербата кај победникот.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …