сабота , 23 септември 2017
sonce korca

Македонски фолклорен фестивал „Сонце 2015” во Корча

sonce korca
По повод празникот 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, Македонскиот културен центар „Сонце” организира македонски фолклорен фестивал „Сонце 2015” во Корча, Албанија.

– На фестивалот ќе настапат четири македонски фоклорни групи од Албанија од областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. Од Пиринска Македонија ќе настапи македонската фолклорна група „Разлошки мераци” на друштвото „Пирински глас” од Разлог и од Република Македонија ќе настапи ансамблот „Македонија”, вели Васил Стерјовски од МКЦ „Сонце“.

На фестивалот ќе бидат изведени изворни македонски народни песни и ора. Овој значаен културен настан за Македонците во Албанија ќе се одржи во театарот „Андон З. Чајупи” во Корча на 23 октомври со почеток во 18.00 часот.

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …