сабота , 21 октомври 2017
Damjan-Robev-1-600x400

Македонските надежи изгубија со огромна разлика на ЕП Б – Дивизија: Дали е време да се вклучи црвениот аларм?

По успешниот старт против Албанија, младата кошаркарска репрезентација на Македонија загуби убедливо од Грузија со 78-48 во вториот натпревар од ЕП Б-Дивизија, кое се игра во Романија.

Избраниците на Мирко Петревски уште на самиот старт потфрлија. Дури на одмор се отиде со  13 поени разлика за противникот (37-24). Македонските кошаркари единствено во третиот период прикажаа рамноправна игра, за да во последните 10 минути повторно потфрлат и неверојатни цели  осум минути да не постигнат ниту еден поен. Грузијците тоа го искористија и со серија од 19-1 ја заверија својата втора победа на првенството. Најефикасни во редовите на Македонија беа Маслинко со 15 и Робев со 14 поени.

Но, клучното прашање по завршувањето на овој натпревар е: Дали Македонија има кошаркарска иднина? Дали со порази од држави кои ги нема на кошаркарската мапа, Македонија треба да мирува и мирно да спие?

Коментарите на социјалните мрежи од типот ,,Македонија има еден тон приватни школи кои само им ги земаат парите на децата’’ или пак ,,Што се случи со кошаркарските школи на МЗТ и Работнички кои беа расадник на млади таленти’’ треба да се земат за сериозно. Кошаркарска Македонија очигледно се уште ја нема почуствувано сериозноста од дефицит на кошаркарски кадри, меѓутоа медиумската јавност многу одамна го критикуваше увозот на странски кошаркари со чуден кошаркарски бекграунд кои настапуваа за македонските клубови.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …