недела , 22 октомври 2017
mak-bar

Македонските потенцијали за конгресен туризам претставени во Барселона

На саем за конгресен туризам и бизнис патувања во Барселона се промовираат туристичките потенцијали на Македонија.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која ја организира промоцијата, денеска информира дека Македонија е доживеана како неоткриена дестинација за конгресен туризам која нуди дополнителни можности за време на организиран настан во поглед на уживање во природа, запознавање со културата, можност за доживување авантура, како и практикување на спортски активности.

За време на саемот остварени се состаноци со тур оператори и компании кои бараат нови дестинации за одржување конференции, семинари и други тип настани.

Македонскиот штанд го посетила и македонската амбасадорка во Шпанија, Тина Џеповска.

Саемот е еден од најголемите саеми за конгресен туризам на кој учествуват 15.500 претставници од туристичката индустрија од 150 држави од светот со над 3.000 водечки брендови кои нудат услуги во оваа индустрија.

Слични написи

moneti

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка информира дека се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на …