среда , 28 јуни 2017
Zlarin - susret pisaca 3. svibnja 2014. (35)

Македонско-хрватска книжевна средба на островот Зларин

Традиционална меѓународна средба на група независни писатели и новинари од Македонија и Хрватска што од 2014. година ја организира невладината организација „Хрватско-македонска тангента“ ќе се одржи од 12-14 мај на коралниот хрватски остров Зларин, во близина на Шибеник.

Меѓународниот настан под назив „Од остров на копно, кон остров на море“ (наслов на една од книгите на академикот Богомил Џузел, кој беше меѓу првите учесници на манифестацијата), оваа година ќе биде збогатен со присуство и на писатели од Босна и Херцеговина.

Годинава на книжевните дискусии и размена на искуства од Македонија ќе се придружат и Петар Андоновски (роман на година-2015), Давор Стојановски (роман на година 2016) и Фросина Пармаковска.

Како што вели претседателот на „Хрватско-македонска тангента“ Сашо Георгиевски, своите искуства и проблеми македонските писатели ќе ги разменат со колегите од Хрватска (Динко Шкевин, Ренато Баретиќ, Звонко Варошанец, Жаклина Кутија, Никола Шимиќ Тонин…) и БиХ (Игор Божовиќ, Емир Имамовиќ-Пирке, Глорија Кристо), а се очекува панел дискусија на тема „писатели-новинари“.

Да потсетиме дека на досегашните средби на хрватскиот корален бисер Зларин Македонија ја застапуваа академикот Богомил Џузел, проф.д-р Елизабета Шелева, Роберт Алаѓозоски, Лилјана Дирјан, Елизабета Петровска…..

Овој културен настан кој е во насока на оставрување на една од целите на „Тангентата“ – продлабочување и доближување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска, традиционално се одржува секој мај во Хрватска и е поздравен со големи симпатии и медиумско внимание.

Покровители на настанот се Министерството за туризам на Хрватска и градоначалникот на Шибеник.

 

Слични написи

соф

Објавена програмата за „Струмица опен фест 2017“

Организаторите на манифестацијата „Струмица опен фест 2017“ ја објавија овогодинешната програма за шестото издание што …