петок , 22 септември 2017
rep

Македонско трио фантастико – Барди, Филиповски и Исени во Топ-20 Источноевропски бисери

Познатиот холандски портал за фудбал „Voetbalzone” ги рангираше тројцата македонски таленти, Енис Барди, Бесар Исени и Кристијан Филиповски во Топ-20 фудбалски надежи од Источна Европа, а нашата земја е на првото место заедно со Русија, со по тројца бисери.

Барди, кој игра за Ујпешт во Унгарија беше во ова друштво и во неодамнешниот избор на реномираната шпанска „Марка“, а сега холандските новинари ги приклучија и Исени од Шкупи и Филиповски од Силекс. Големо признание за мак-фудбалот, особено за работата со младинските категории.

Напредокот е потврден и со пласманот на нашата млада репрезентација на Европското првенство во Полска, во јуни годинава, што е прво големо натпреварување за било која фудбалска селекција од Македонија.

Во Топ-20 најталентирани фудбалери од Источна Европа, според изборот на „Voetbalzone“ се:

ЕНИС БАРДИ, КРИСТИЈАН ФИЛИПОВСКИ И БЕСИР ИСЕНИ (МАКЕДОНИЈА), Алексеј Миранчук, Вјачеслав Каравев и Вјачеслав Подбјерискин (Русија), Кшиштоф Пјатек и Давид Ковњачки (Полска), Недим Хаџиќ и Харис Дуљевиќ (БиХ), Анте Чориќ и Филип Бенковиќ (Хрватска), Лука Заховиќ (Словенија), Никола Миленковиќ (Србија), Виктор Коваленко (Украина), Андреј Иван (Романија), Мирослав Качер (Словачка), Павел Савицки (Белорусија), Ѓорѓи Харашвили (Грузија) и Вахан Бичакхјан (Ерменија).

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …