понеделник , 23 октомври 2017
makron

Макрон утре во посета на островот Свети Мартин, погоден од Ирма

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе го посети островот Свети Мартин, погоден од ураганот Ирма, соопшти синоќа Министерството за внатрешни работи на Франција.

„Макрон ќе тргне кон Свети Мартин ноќта меѓу понеделник и вторник. Претседателот ќе разговара со мештаните и со локалните официјални лица“, рече Жерар Коломб, министер за внатрешни работи, по состанокот во Елисејската палата.

Француското претседателство уште во четвртокот соопшти дека Макрон ќе ги посети загрозените прекуморски подрачја штом временските услови ќе го дозволат тоа.

Коломб објасни дека државата од самиот почеток се справува со ситуацијата откако во јавноста се појавија критики за организирање помош за Свети Мартин.

Тој додаде дека се воспоставени воздушни мостови за пружање помош на загрозеното население.

Според првите проценки, штетата на островите Свети Мартин и Свети Бартоломеј би можела да биде 1,2 милијарди евра.

Во налетот на ураганот Ирма на Кариби загинаа 25 лица.

Според соопштенијата од различни влади под чија надлежност се делови од територијата на Карибите, од настраданите 25 лица, 10 загинале на француските острови Свети Мартин и Свети Бартоломеј, шест на британска територија, четири лица загинале на американските Девствени Острови, две лица во Порторико, две лица загинале во холандскиот дел на Свети Мартин и едно лице загинало на островот Барбуда.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …