сабота , 24 јуни 2017
nesime press

Малата Медина од Прилеп ќе се лекува во Европската очна болница

nesime press 1Додека Клиниката за очни болести и одделот за хематологија во детската клиника не можат да се договорат по чиј протокол треба да се лекува едногодишната Медина Синаноска од Прилеп, за помош се понуди Европската очна болница.

Откако здружението РОМА С.О.С од Прилеп одржа прес конференција со цел да го изнесе проблемот со малата Медина која боледува од ретинобластом(тумор)поради што и се продлабочува слепилото на двете очи, лекарите од Европската очна болница утврдиле дека е потребна детална анализа од која ќе произлезат финални заклучоци од кои ќе произлезе како понатаму ќе се одвива лекувањето.

Процедурата на иследување започнала веднаш откако информацијата излезе во јавност, но поради грип испитувањата биле прекинати.

„Се договоривме малата Медина прво да закрепне од грипот. Потоа ќе биде извршен комплетен бесплатен преглед . Откако ќе биде утврдена точна дијагноза, ќе се знае како понатаму ќе се одвива лекувањето“, велат за НОВА во Европската очна болница.

Од здружението РОМА С.О.С се задоволни од ваквиот тек на настаните.

„Европската очна болница од Скопје со овој чин покажа дека хуманоста не познава граници за што бескрајно им благодариме. Медина е препуштена во експертски раце на лекари кои доаѓаат од Истанбул и кои што се надеваат дека ќе овозможат да се спаси животот на Медина“, велат во РОМА С.О.С.

Од здружението велат дека трет месец чекаат министерот Тодоров да одговори на Пријавата за случајот на малата Медина.

Малата Медина во октомври 2014 година била хоспитализирана на одделот за хематологија на Клиниката за детски болести во Скопје. Цели 35 дена Медина и нејзината мајка Филизана поминале на клиниката, со цел да се утврди точната дијагноза на промените во двете очи кои укажувале на постоење на ретинобластом, тумор кој води до слепило и кој може да го зафати и мозокот.

После извршените испитувања направени на Клиниката за очни болести, Конзилиумот од лекари не ја утврдил точната дијагноза, туку се изјаснил дека „клинички личело на ретинобластом“.

После 35 дена поминати на Клиниката за детски болести, период во кој детето не примало никаква терапија, нејзината мајка побарала да биде испишана од клиниката, а после враќањето во Прилеп за помош се обратила до „РОМА СОС“.

Оттаму до Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Народниот правобранител и до директорот на Клиниката за детски болести биле испратени пријави, во кои била опишана здравствената состојба на едногодишната Медина.

Одговори добиле од Народниот правобранител и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во кои јасно било укажано на фактот дека станува збор за неусогласеност на ставовите на двете клиники. Но, не само што не била утврдена повреда на постапката, туку двете институции препорачале преземање дополнителни процедури за чие спроведување е потребно време.

„Со тоа ќе се изгуби скапоцено време, што може да биде причина да се забрза ослепувањето на девојчето“предупредија од РОМА С.О.С.

Слични написи

cof

Еснафот се собра на ифтар на плоштадот “Скендербег”

Вечерва на плоштадот “Скендербег” еснафот ги почести своите пријатели со ифтар по повод рамазанските пости. …