сабота , 23 септември 2017
Denko-Malevski-1

Малески за ПлусИнфо: Ако договорот пропадне и странците кренат раце, ќе ни се случи хаос

Denko-Malevski-1
Ако се растури целиот процес, се прашувам дали политичарите се свесни каде ќе се ничкосаме, ќе се вратиме на самиот почеток на кризата, со уште полоши консеквенци, вели за порталот Плусинфо професорот Денко Малески по пропаѓањето на обидот на еврокомесарот Јоханес Хан да ја одблокира имплементацијата на договорот за излез од политичката криза.

– Странците јасно ни кажуваат дека не може да ги завршат нашите работи. На политичарите треба да им е јасно дека назад пат нема, патот е напред. Чудно е како тие ја сфаќаат политиката, само како привилегија, а не и како врска нешто да произведат, политичко решение кое ќе донесе придобивки за целата држава – вели Малески.

Ако договорот пропадне и странците кренат раце од нас, тогаш, додава Малевски, ќе западнеме во хаос, општеството ќе се парализира, гневот повторно ќе се излее од институциите и тогаш се возможни сите сценарија.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …