сабота , 23 септември 2017
679003_malezijski-avion-20151013reutersmichael-koorengilze-rijendi008580980preview_f

Малезија ќе бара меѓународен суд за виновниците за соборениот авион над Украина

679003_malezijski-avion-20151013reutersmichael-koorengilze-rijendi008580980preview_fМалезиските власти имаат намера да побараат формирање меѓународен суд, што ќе ги казни виновниците за соборувањето на боингот на „Малезиан ерлајнс“ над источна Украина, минатата година, пренесе ТАСС, цитирајќи го малезискиот весник „Стар“.

Малезискиот министер за транспорт, Лиоу Тионг Лаи, од Пекинг, каде се наоѓа во официјална посета, изјави дека треба да има меѓународна структура која ќе го разгледа прашањето за вината, затоа што доколку предметот се гледа од национален суд прашање е дали Малезија ќе успее да издејствува екстрадирање на виновниците.

Повикувајќи се на наодите од холандската истрага за несреќата, министерот кажа дека соборувањето на авионот е злостроство за кое треба да се побара кривична одговорност.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …