среда , 28 јуни 2017
de-gea

Манчестер Јунајтед ја одби понудата на Реал за голманот Де Геа

Освојувачот на Лига Европа, Манчестер Јунајтед ја одбил понудата од 68 милиони евра што Реал Мадрид ја испратил за ангажман на голманот Давид де Геа, објави „Скај спортс“.

Според оваа информација, ниту три пати поголемата сума што Јунајтед ја плати за трансферот на шпанскиот голман од Атлетико во 2015 година, не беше доволна премиерлигашот да го пушти чуварот на мрежата.

Де Геа има актуелен договор со Јунајтед до 2019 година, но останува да се види дали тој ќе остане во Манчестер со оглед на примамливите понуди кои доаѓаат во клубот. Секако, се очекува и реакцијата на голманот кој во неодамнешното финале во Лига Европа не беше прв избор на менаџерот Жозе Мурињо, туку на голот беше Серхио Ромеро.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …